СОНК ги заплашува и уценува просветните работници

На ден 08.07.2018, НСОН одржа прес пред министерството за правда на кои беа јавно укажани проблемите со кои се соочуваат вработените во образование:

– Намалени денови за годишен одмор на настаници само затоа што не се членови во СОНК. (спротивно на Член 6,185 и 198 од ЗРО)

– Заканувачки писма од СОНК испратени до училиштата во кои ги поткнуваат директорите да вршат дискриминација врз работниците кои што не се членови на СОНК (спротивно на Член 6,185 и 198 од ЗРО).

– Забрана за наставници да се одчленат од СОНК, односно должни се да го најават тоа 3 години однапред. (спротивно на Член 185 од ЗРО).

– Издадени двојни решенија во училиштата со исти архивски број за исти особи, каде им се укажува дека решението со поголем број на денови ќе важи само ако пристапат кон СОНК.

Како Независен синдикат за образование и наука сметаме дека сите овие активности ја загрозуваат преговарачката позиција на Репрезентативниот синдикат во образование, кои својата сила наместо да ја искористи во подобрување на работничките права ја има посветено во други активности.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*