Интервју со претседателот

Вработените во образованието заслужуваат подобри услови за работа и повисоки плати. Дел од училиштата во 21 век сеуште се соочуваат со  недостиг на просторни и материјални услови за работасе работи по обемни наставни планови и програми кои водат кон потешкотии во процесот на учење, има отсуство од кадар за професионална ориентација и следење на постигнувањата на секој ученик, како и поддршка во процесот на понатамошно образование на учениците. Почетната плата  на просветниот работник е за 14% помала од републичкиот просек. Наставниците секојдневно се оптоварени  со непродуктивни административни активностиОвие реални проблеми мора да се решат-  вели во интервју  за Фактор, м-р Томислав Гиевски – претседател на  новоформираниот Независен  синдикат за образование и наука.

Фактор: Пред неколку дена официјално се регистрираше односно се формираше нов Синдикат за образование и наука како гранков синдикат во Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ). Како дојдовте до идејата?

Гиевски: Нашето образование доживеа големи ерозии кои доведоа до назадување на воспитно- образовната работа. Согледувајќи ги состојбите во образованието, незадоволството на колегите и нивниот револт, преку разговор за превземање на активности за целата состојба да се смени на подобро, се јави идејата за формирање на синдикат.

Фактор: Секторот образование останува длабоко партизиран и поларизиран, што од друга страна значи дека ќе имате сериозен предизвик и во делот на членството и во делот на суштинско решавање на проблемите. Како ќе го мотивирате наставниот кадар да пристапи кон новиот синдикат?

Гиевски: Во потполност се согласувам дека ова е голем предизвик, но знаејки ги проблемите и соочувајќи се со истите  веќе подолг временски период, спремни сме да се бориме да ги решиме и надминеме истите за да имаме општество каде што работникот ќе се почитува и ќе ги ужива правата кои му се загарантирани со закон. Крајно време е наставниот кадар да се ослободи од стегите. Ослободување – не значи да се заборави; Ослободување – значи да се запамети, но без страв и да се  продолжити патувањето со научената лекција. Слободата на човекот не се состои во тоа дека може да прави се што сака, туку се состои во тоа да не мора да го прави тоа што не го сака.

Фактор: Кои се првичните заложби на идниот образовен синдикат?

Гиевски: Враќање на градинките, основните училишта, гимназиите и средните стручни училишта под целосна надлежност на Министерството за образовани и наука и Министерството за труд и социјала. Усогласување на надлежностите на Државниот просветен инспекторат и на Бирото за развој на образованието во делот на инспекцискиот и стручниот надзор. Усогласување на платите на вработените во образованието со републичкиот просек на плати.Намалување на административната работа во едневникот, односно внесување само на оцените и бројот на изостаноците на учениците. Подобрување на воспитно-образовниот процес со намалување на бројот на ученици во паралелката со максимум 24 ученици, обезбедување поголем број современи нагледни средства за реализација на наставата. Да заживее и да се следи процесот на кариерниот развој на наставниот кадар.

Фактор: Каде како наставничка фела ги лоцирате проблемите во ресорот образование?

Гиевски: Почетната платите на просветниот работник е за 14% помала од републичкиот просек. Наставниците секојдневно се оптеретени со непродуктивни административни активности. Условите на работа не соодветствуваат со можностите за користење на 30% ИКТ во наставата според пропишаните одредби.Навиката постојано да се зборува за проблемите е најлоша. Треба да се ослободиме од неа. Да се зборува за она што го сакаме, за работи кои ни носат радост, Образованието е движечка сила во општеството која создава промени, овозможува усовршување и напредок и крајно време е да се изградат мостови на доверба и разбирање меѓу институциите во образованието.

Фактор:Се најавуваат реформи во образованието, законски измени, ревизија во учебникарството, нови наставни содржини. Очекувате ли вклученост во јавните дебати ?

Гиевски: Во новите реформи вклучени се наставници за решавање на досегашните проблеми, очекуваме преставници и од нашиот синдикат да бидат повикани  да учествуваат во креирање на идните образовни политики.

Фактор: Како ќе реагирате во делот на заштитата на наставничките права, но и самоволието кое со години се практикуваше, а и денес се практикува во дел од училиштата?

Гиевски: Нула политика е доволно политика. Во  Македонија  постојат закони кои ги штитат вработените и работничките права.  Со наша морална поддршка и  соодветна правна заштита од нашиот адвокатски тим ќе ги охрабриме вработените во просвета да не потклекнуваат на самоволието кое со години се практикува. Повеќето од вработените не се запознаени со законите коишто ги штитат. Нашиот синдикат обезбедува правна обука и заштита повикувајќи се на законите за заштита на работничките права и активно дејстува против нивното непочитување.

Фактор: Ниските плати се рак рана која со години нема разрешница. Споредбено се регионот, наставниот кадар во земјава има убедливо најниски примања. Обврските, од административни до практични растат, а платите стагнираат. Каде ќе се бараат решенијата?

Гиевски: Решенијата ќе се бараат со активни преговори со министерствата за усогласување на платите со републичкиот просек.  Наставниците да се растеретат од администрација и да се посветат целосно на воспитно образовниот процес. Денес се бара од образованието да не направи вешти во соочувањето и обработката на масивна количина информации, да размислуваме и комуницираме глобално и да бидеме способни самостојно да го организираме учењето. Главното што не треба да го заборавиме е дека мора да бидеме подготвени да решаваме проблеми што денес не постојат, но утре (кога ќе почнеме со работа) ќе постојат. Како што има кажано Алберт Ајнштајн „не може да решаваме проблеми со користење на истиот начин на размислување што сме го користеле при создавање на проблемот“. Значи, иновативност!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*