Статут

Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СТАТУТ НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
******************************************************************************
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА


********************************************************************************
Врз основа на член 188 од Законот за работни односи, СОБРАНИЕТО НА НЕЗАВИСЕН
СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА го усвои следниот
С Т А Т У Т
на “НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА”
-НСОН-

ОПШТИ ОДРЕДБИ
член 1
Со статутот на Независниот синдикат за Образование и наука (во понатамошниот текст: НСОН)
се уредуваат:
– Име и седиште/канцеларија на НСОН;
– Амблем и знаме;
– Општи глобални и конкретни цели, задачи и активности на НСОН;
– Внатрешна организација, тела на НСОН и нивните права, надлежности и одговорности;
– Начин на користење и располагање со финансиските средства;
– Претставување и застапување на НСОН;
– Целосна јавна и транспарентна работата на НСОН;
– Постапка за зачленување и престанок на членството во НСОН,
– Начин на определување на членарина;
Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СТАТУТ НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
– Начин на донесување на одлуки за укинување на НСОН и располагање со имотот во случај
на укинување ;
– Начин на донесување на статут и измени и дополнувања на статут;
– Глобална програма за работа;
– Деловник за работа на Собранието на НСОН;
– Меѓународна соработка;
– Завршни одредби;
член 2
НСОН е форма на организирање на работниците во: образование и наука – самостојна,
деполитизирана и независна од државните органи и работодавачите.
НСОН претставува синдикат на вработените во градинки, основни училишта, гимназии,
средни стручни училишта, научни институти, факултети, работнички универзитети кој има за цел
остварување на економските, социјалните и други права на работниците загарантирани со
Уставот и законите на Република Македонија.
Во рамки на НСОН може да бидат и се проектирани Синдикални организации од
градинки, основни училишта, гимназии, средни стручни училишта, научни институти, факултети,
работнички универзитети како и од останати работни единици кои ќе произнесат желба и
потреба за приклучување и заштита на нивните работнички права.
Синдикалните организации кои ги исполнуваат условите за влез во НСОН, со писмено
барање и посебна одлука ќе бидат вклучени во НСОН и за нив ќе се бараат истите права како и
за останатите.
член 3
НСОН има својство на правен субјект со права, надлежности и одговорности утврдени со
овој Статут, со позитивните законски прописи на Република Македонија и со прописите на
меѓународните организации и заедници каде што НСОН е член.
ИМЕ И СЕДИШТЕ НА НСОН
член 4
Името на НСОН е НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА со скратен назив
НСОН.
Седиштето на НСОН е решено со посебна одлука.

Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СТАТУТ НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
член 5
НСОН има печат и штембил.
Печатот е со тркалезна форма, со впишан текст на македонски јазик и негово кирилично
писмо, кој гласи: „НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА”, во срединатна печатот е
логото на НСОН под него кратенката НСОН.
Штембилот е со правоаголна форма, со впишан текст на македонски јазик и неговото
кирилично писмо, кој гласи: „НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА” со рубрики за
деловоден број и датум.
За синдикалните основни организации и синдикални подружници на печатот и
штембилот се додава и името на синдикалната организација или синдикалната подружница.
АМБЛЕМ И ЗНАМЕ НА НСОН
член 6
НСОН има знаме и амблем.
Знамето на НСОН е со сина и бела боја, во средината е вграден амблемот на НСОН, во
горниот дел на знамето над грбот пишува „НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА“,
а во долниот дел на знамето под грбот е испишан скратениот назив „НСОН“.
Амблемот на НСОН има форма на круг, во средината е логото на НСОН над кое со лента
се напишани зборовите „НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА“, а во средината се
претставени три фигури кој се фатени за рака и го симболизираат единството, соработката и
поврзаноста на вработените во образование и наука.
Односот на широчината и должината на знамето изнесува еден спрема два. Графичките
решенија на знамето и грбот на НСОН се утврдени со посебна одлука донесена од Собранието
на НСОН.
НСОН во својата работа ги употребува и државниот грб, државното знаме и државната
химна на Република Македонија.
КАНЦЕЛАРИЈА НА НСОН
член 7
НСОН има службена канцеларија и службени простории, под закуп или во сопственост на НСОН.
Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СТАТУТ НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
член 8
За работата и користењето на службената канцеларија и службените простории на НСОН
и за имотот и средствата на НСОН се грижат Собранието, претседателот и генералниот
секретар на НСОН.
член 9
Работата на седниците на НСОН се одвива на македонски јазик и неговото кирилично
писмо освен во случај кога НСОН претставува правен субјект во комуникации со други
институции во системот на РМ каде согласно Уставот и законите на РМ се користат јазикот и
писмото кое го користи мнозинското население во РМ.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА НСОН

член 10
Основни цели на НСОН се остварување, унапредување и заштита на економските,
социјалните и други права и интереси на своето членство, на вработените во: градинки, основни
училишта, гимназии, средни стручни училишта, научни институти, факултети, работнички
универзитети за заштита и афирмација на правата и слободите на работниците утврдени со
Уставот на Р.Македонија пред судовите и Уставниот суд на Р.Македонија, како и заштита и
афирмација на останатите слободи и права загарантирани со Уставот и законите на
Р.Македонија.
член 11
Основни задачи на НСОН:
– Обезбедување на правата на сите работници според постојните закони,
– Создавање и обезбедување подобри услови за материјална егзистенција,
– Обезбедување културно-информативни и економски врски меѓу работниците од
образованиеи наука,
– Размена на искуства и следење на примената на законските и подзаконските акти и
прописи како и на колективните договори,
– Колективно договарање во организациите и заедниците на работодавачите и
изготвување на колективни договори,
– Создавање и обезбедување услови за заштита и афирмација на правата и слободите на
работниците утврдени со Уставот на Република Македонија пред судовите и пред
Уставниот суд на Р.Македонија според Законот за работни односи,
– Издавање весници во пишана или електронска форма и изградба на синдикални клупски
простории во рамки на можностите,
– Организирање синдикални спортски игри,
Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СТАТУТ НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
– Соработка со други синдикални организации во Р.Македонија, синдикални асоцијации и
меѓународни синдикални организации,
– Размена на искуства и следење на примената на законите, подзаконските и интерните
акти,
– Ефикасно користење на средствата на синдикалната борба, вклучувајќи го и правото на
штрајк и протест,
– Вршење на други работи и задачи во интерес на членовите и останатите работници од
работните организации каде што НСОН има членство.

член 12
Во реализирањето на целите и задачите НСОН може:
– Да основа посебни органи кои можат да бидат од траен или времен карактер,
– Да ангажира повремени и постојани научни и стручни институции, експерти и
соработници,
– Да ги употреби стручноста и експертизата на своите членови.

член 13
НСОН води евиденција за прашања од своите цели и задачи, а на барање на членовите
потврдува одредени факти кои тие ги употребуваат заради нивните интереси и загарантирани
права.
Начинот на водењето на евиденцијата, издавањето на исправите и потврдувањето на
фактите се уредува со посебен акт на Собранието на НСОН.
ПОЧЕСНИ ЧЛЕНОВИ и БЛАГОДАРНИЦИ
член 14
Почесен член може да стане поединец кој со своето залагање придонел за развојот и
унапредувањето на целите и програмата на НСОН.
Почесен член предлага претседателот на НСОН или претседателите на основните
синдикални организации и подружници.
На почесниот член претседателот на НСОН му доделува признание.
Правилник за прогласување на почесен член на НСОН донесува Собранието на НСОН.
Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СТАТУТ НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
член 15
Претседателот на НСОН врачува благодарница на секој поединец кој придонел за
развојот и унапредувањето на целите и програмата на НСОН.
Образецот на благодарницата го утврдува претседателот на НСОН на предлог на
собранието.
УСЛОВИ И НАЧИН НА ЗАЧЛЕНУВАЊЕ ВО НСОН, ПРАВА, ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ НА
ЧЛЕНОВИТЕ НА НСОН и ПРЕСТАНОК НА ЧЛЕНСТВОТО ВО НСОН
член 16
Во НСОН може да се зачленат и да членуваат сите лица кои се вработени во градинки,
основни училишта, гимназии, средни стручни училишта, научни институти, факултети,
работнички универзитети како и од останати работни единици согласно член 2 став 3 од Статутот.
Во НСОН можат да членуваат работници и од други работни организации, потпишувајки
пристапница и почитувајки го статутот, програмата и останатите акти на НСОН.
Сите членови се рамноправни и еднакви во остварувањето на правата и обврските
утврдени со овој статут без разлика на полот, расата, националното и социјалното потекло како
и политичкото и верското убедување.
Секој член има право да покренува иницијативи, да дава предлози, да биде биран и да
избира тела во НСОН.
Членовите се обврзуваат да го почитуваат статутот на НСОН и да постапуваат согласно
него и сите други акти кои произлегуваат од НСОН.
член 17
Член на НСОН се станува по потпишување на пристапна изјава – пристапница, а
членувањето во синдикатот е слободно и доброволно.
Претседателот на НСОН на предлог на собранието го донесува образецот на
пристапницата.
Секој член е должен да плаќа членарина утврдена со одлука на НСОН а донесена од
Собранието на НСОН.
На членовите на НСОН им се издава членска синдикална легитимација која содржи
основни податоци за членот напишани на македонски јазик и неговото кирилично писмо или на
јазикот кој го говорат најмалку 20% од граѓаните во Р.Македонија.
Во ченската легитимација стој и евидентен број на членот.
Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СТАТУТ НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Членот на НСОН легитимацијата може да ја користи и при остварување односно
искористување на економски поволности кои му ги нуди НСОН.
член 18
Членувањето во НСОН престанува на барање на членот со пополнување на изјава
за истапување од НСОН или преку исклучување со одлука на раководството на Синдикалната
организација.
Член на НСОН може да биде исклучен доколку:
– Во јавност изнесува заклучоци или пишани материјали од одржаните расправи на
седниците на органите на НСОН без за тоа да биде овластен,
– Учествува во недозволени активности и во јавност застапува ставови кои се спротивни на
програмата и ставовите на НСОН,
– Не ги извршува одлуките од органите на НСОН за кои е задолжен или постапува
спротивно на нив,
– Ги повреди одредбите на статутот на НСОН и со тоа нанесе штета на Синдикатот,
– Доколку е сторител на потешки повреди на работната дисциплина.
Член кој е исклучен од синдикатот има право на жалба до Собранието на НСОН во рок од 15
дена, кое по поднесената жалба донесува одлука со мнозинство гласови од вкупниот број на
присутни членови.
Одлуката донесена од страна на Собранието по поднесена жалба е конечна.
Изјавата за престанување на членството во НСОН која како образец е пропишана со посебна
одлука на претседателот на НСОН ќе биде доставена до секој претседател на основна
синдикална организација или подружница на НСОН.
Секој претседател на основна синдикална организација или подружница на НСОН до кого е
доставена изјавата за престанување на членство во НСОН е обврзан истата да ја достави
до генералниот секретар на НСОН заради нејзино проследување до Министерството.
УПРАВУВАЊЕ И ОДЛУЧУВАЊЕ ВО НСОН
член 19
Со работата на НСОН управува и раководи Претседателот.
Одлучувањето во НСОН се врши преку претставниците во телата и другите форми на
организирање и дејствување на НСОН, на начин и постапка утврдени со овој статут и со актите
на телата на НСОН.
Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СТАТУТ НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
член 20
Претставниците на НСОН се предлагаат и избираат од членовите на Синдикалните
организации (СО) на начин и постапка утврдени со овој статут или друг акт што го донесува
Собранието на НСОН.
член 21
Претставниците во телата на НСОН работат според насоките на членовите односно телата
што ги избрале или именувале и пред нив се одговорни за својата работа.
При утврдувањето на заедничките и општите интереси, претставниците во телата на НСОН
ги застапуваат интересите на членовите на НСОН во целина.
Претставниците во телата на НСОН одлучуваат по свое сопствено убедување, при што ги
застапуваат интересите на членовите што ги избрале.
член 22
Мандатот на претставник во тело на НСОН може да престане и пред времето за кое е
избран или именуван доколку поднесе писмена оставка од функцијата до телото каде што е член
односно од кое е избран или именуван, доколку почне да делува спротивно на целите и задачите
на НСОН за што се одлучува на седница на Собранието на НСОН, доколку е сторител на кривично
дело за кое е предвидена казна затвор повеќе од 6 месеци или согласно причините наведени во
член 15 од овој Статут.
Мандатот на претставник во тело на НСОН може да престане и доколку основа, раководи,
застапува и претставува политичка партија и кога е член на органите на партијата утврдени со
нејзиниот статут.
член 23
По предлог за назначување и разрешување од функција на претставник во тело во НСОН
на седница одлучува телото што го избрало или именувало.
Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СТАТУТ НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
ТЕЛА И ОРГАНИ НА НСОН И НИВНИТЕ ПРАВА, НАДЛЕЖНОСТИ И ОДГОВОРНОСТИ
Основна организација и подружница
член 24
Основна организација на НСОН е основен облик на организирање на членовите во
НСОН заради застапување на нивните интереси и е составена од претседател и извршен
одбор составен од три члена.
Извршниот одбор учествува во изготвувањето на годишната програма за работа на
синдикалната подружница и во донесувањето на годишниот извештај на синдикалната
подружница.
Кога седиштето и работата на претседателот на основната организација е во рамките на
организациската единица која ја претставува, може да се донесе одлука да нема синдикална
подружница во рамките на истата организациска единица.
Во основна организација на НСОН со поголем број на членови односно организациски
единици, заради поцелосна и посестрана активност на членовите како облик на работење и
дејствување, се формираат синдикални подружници.
За секоја синдикална подружница се избира претседател и извршен одбор, а со работата
на синдикалната подружница раководи претседателот на синдикалната подружница.
Иницијатива за формирање на синдикална подружница поднесуваат најмалку 7 (седум)
членови вработени во организациската единица за која се бара синдикална подружница или на
предлог на претседателот на основната организација на НСОН, генералниот секретар на НСОН
или претседателот на НСОН.
Одлука за формирање на синдикална подружница на предлог на горенаведените со
писмена одлука носи претседателот на основната организација на НСОН.
Мандатот на претседателите на основните синдикални организации и подружници и на
членовите на извршниот одбор изнесува пет години, со можност за повторен избор за уште еден
мандат.
член 25
Претседателот на НСОН изготвува годишна програма за работа која им ја доставува на
претседателите на основните синдикални организации.
Синдикалните подружници на крајот на годината изготвуваат годишен извештај и го
доставуваат до претседателот на основната организација.
Претседателот на основната синдикална организација извештајот за работа на основната
синдикална организација заедно со извештаите на синдикалните подружници го доставува до
претседателот на НСОН за време на годишното собрание.
Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СТАТУТ НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
член 26
По потреба претседателот на синдикалната организација може да ги образложи
доставените извештаи.Со цел НСОН да дејствува поефикасно и рационално и пред сѐ во интерес
на своите членови како и на останатите вработени во градинки, основни училишта, гимназии,
средни стручни училишта, научни институти, факултети, работнички универзитети, заради
заштита на економските, социјалните и други права.
член 27
НСОН има извршно тело составено од претседател, генерален секретар, Собрание на
НСОН, надзорен одбор и други органи утврдени со посебна одлука на претседателот донесена
од Собранието.
Претседател на НСОН
член 28
Претседател на НСОН се избира од страна на Собранието на НСОН врз основа на посебна
одлука за распишување на избор на претседател на НСОН.
Претседателот на НСОН ја претставува и застапува НСОН, се грижи за примената на овој
статут и деловникот на Собранието на НСОН и врши други работи утврдени со статутот,
деловникот и другите акти на НСОН.
Претседателот на НСОН пред собранието дава предлози за избор, именување и
разрешување во НСОН и извршува и други задачи во согласно со програмата и Статутот.
Претседателот на НСОН учествува во работата на органите и телата на синдикатот и пред
истите покренува иницијативи за прашања од интерес на НСОН.
Мандатот на претседателот на НСОН трае пет години. Лицето има право на максимум два
мандати.
Претседателот на НСОН од членовите на синдикатот предлага пред собранието лице за
генерален секретар на НСОН и има право да оформи регионални Синдикални совети со членови
од составот на НСОН.
член 29
Кандидат за претседател на НСОН може да биде секој член на НСОН кој ќе достави
конкретен предлог план и синдикален проект во писмена форма до Собранието на НСОН.
За претседател на НСОН ќе биде избран кандидатот кој добил мнозинство на гласови од
вкупниот број членови во Собранието.
Ако при првото гласање ниту еден од кандидатите за претседател не го добие потребното
мнозинство на гласови, во второто гласање се гласа за двајцата кандидати кои во првото гласање
добиле најголем број на гласови.
Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СТАТУТ НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Второто гласање се спроведува на наредната седница во рок од 8 дена по првото гласање
и за избран ќе се смета кандидатот кој го добил мнозинството гласови од присутните.
Ако за претседател на НСОН е предложен само еден кандидат кој во првото гласање не
го добил потребното мнозинство на гласови, се повторува целата изборна постапка сѐ додека не
се изврши избор на претседател во согласност со одредбите на овој Статут.
Избори за претседател распишува актуелниот претседател на НСОН или 1/2 од членовите
на Собранието.
Одлуката од 1/2 од членовите на Собранието за избор на претседател на НСОН се
доставува до претседателот на НСОН кој во рок од 30 (триесет) дена закажува вонредно
собрание за избор на претседател на НСОН.
член 30
Претседателот на НСОН:
– Го претставува НСОН во земјата и странство,
– Го свикува Собранието на НСОН,
– Предлага лице за генерален секретар пред Собранието на НСОН,
– Поднесува извештај за својата работа пред Собранието на НСОН
– Предлага кандидати за почесни членови,
– Именува портпарол на НСОН,
– Овластува лице кое ќе го претставува за време на негово отсуство,
– Дава полномошно за застапување на НСОН пред судовите и други органи,
– Изготвува финансиски план за работа за наредната година кој на крајот на календарската
година го доставува до членовите на НСОН од образование и наука на Р.Македонија,
– Врши и други работи доверени од Собранието на НСОН како и на барање на членовите
на НСОН доколку се во согласност со овој Статут и со позитивните законски прописи.
Генерален секретар
член 31
НСОН има генерален секретар кој го избира и разрешува Собранието на НСОН по предлог на
претседателот на НСОН, за време од пет години. Лицето има право на максимум два мандати.
Кандидатот за генерален секретар на НСО е член на Собранието на НСОН.
член 32
Генералниот секретар ги врши следните работи и задачи:
– Му помага на претседателот на НСОН во подготовките на седниците на телата на НСОН;
– Претставува советодавен орган на претседателот на НСОН во врска со работењето и
дејствувањето на НСОН;
– Ја застапува НСОН во имотно-правните односи со трети лица;
Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СТАТУТ НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
– Ја организира работата и се грижи за имотот, средствата и службените простории на
НСОН;
– Ја води архивата на НСОН;
– Ја води евиденција на членовите на НСОН и се грижи за издавањето на членските карти;
– Се грижи за информирањето на членовите на НСОН, на членовите на телата на НСОН и на
јавноста;
– Врши и други работи и задачи кои ќе му ги доверат претседателот на НСОН и Собранието
на НСОН.

член 33
До избор на генерален секретар работните задачи предвидени за генералниот
секретар ги извршува претседателот на НСОН.
член 34
Генералниот секретар за својата работа одговара пред претседателот на НСОН.
Надзорен одбор
член 35
НСОН има надзорен одбор кој се избира и разрешува од страна на Собранието на НСОН.
Мандатот на надзорниот одбор е за време од пет години со можност за повторен избор
за уште еден мандат.
Надзорниот одбор е составен од претседател и четири члена од редот на членовите на
НСОН.
член 36
Надзорниот одбор на НСОН врши надзор и контрола над материјално-финансиското
работење на НСОН за што поднесува писмен извештај до Собранието на НСОН.
член 37
Сите писмени извештаи изготвени од страна на надзорниот одбор за контрола над
материјалното и финансиското работење за една календарска година, задолжително треба да
бидат во согласност со позитивните законски прописи кои се однесуваат на изготвување и
доставување на годишен даночен биланс и завршна сметка.
Сите активности во врска со став 1 од овој член задолжително претходно да бидат
подготвени и верификувани од претседателот на НСОН а во согласност на книговодителот на
НСОН.
Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СТАТУТ НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Книговодителот на НСОН целосно ги изготвува сите потребни материјално- финансиски
документи за тековната година, подготвувајќи ги како завршна сметка со цел доставување до
УЈП најдоцна до предвидениот законски рок, 15 март наредната година.
Претседателот на НСОН извештајот за материјално-финансиското работење за тековната
година го подготвува и доставува на верификување до надзорниот одбор на НСОН најдоцна до
15 март наредната година.
член 38
Надзорниот одбор работи на седници кои ги свикува и со нив преседава претседателот
на надзорниот одбор.
Претседателот на надзорниот одбор и членовите на надзорниот одбор ги избира
Собранието на НСОН врз основа на претходна одлука за формирање на надзорен одбор
донесена од страна на претседателот на НСОН
Надзорниот одбор донесува одлуки со мнозинство гласови од вкупниот број на членови
на собранието.
Собрание на НСОН
член 39
Собранието на НСОН е управно тело односно орган на управување на НСОН и претставува
највисок орган на НСОН.
Собранието го сочинуваат претседателите на основните синдикални организации,
преседателот на НСОН и генералнито секретар.
член 40
Седниците на Собранието можат да бидат редовни, односно изборни или вонредни.
Редовното собрание се одржува еднаш годишно а изборно на секои пет години.
Седниците на Собранието ги свикува претседателот на НСОН со однапред пропишана агенда и
дневен ред.
Вонредното собрание се свикува заради укажана потреба кога не може да се обезбеди
функционирање на синдикатот врз основа на Статутот и програмските начела на синдикатот.
Вонредно собрание свикува претседателот на НСОН или половина од членовите на
Собранието на НСОН со одлука која ја доставуваат до претседателот на НСОН кој потоа свикува
вонредно собрание во рок од 30 (триесет) дена од денот на донесување на одлуката за
свикување на вонредно собрание.
Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СТАТУТ НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
член 41
Собранието на НСОН:
– Го усвојува Статутот на НСОН, измените и дополнувањата како и пречистениот текст на
статутот;
– Донесува Деловник за работа на Собранието;
– Дава автентично толкување на одредбите од Статутот и актите на Собранието на НСОН;
– Ја утврдува висината на членарината и начинот на нејзиното плаќање;
– Со посебна изјава влегува исклучиво во КСОМ;
– Формира постојани и повремени работни тела на НСОН;
– Презема мерки и активности за реализација на целите и задачите на НСОН;
– Донесува одлуки за основање на тела на НСОН и ги утврдува нивните основачки акти и
надлежности;
– Донесува одлука за прогласување на штрајк и протест;
– Го избира претседателот на НСОН,
– Ги избира членовите на Надзорниот одбор,
– Донесува одлука за престанок на работата на НСОН,
– Поднесува иницијативи и предлози до Собранието на КСОМ за закони и други акти кои
се во интерес на членовите на НСОН,
– Во вршењето на работите од својата надлежност донесува статут, одлуки, препораки и
заклучоци ( во натамошниот текст: акти);
– Врши и други работи утврдени со Статутот и други акти на НСОН.

член 42
Собранието може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинството од
вкупниот број на членови.
Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните членови освен ако со овој
Статут е определено посебно мнозинство.
член 43
Седниците на Собранието се отворени но Собранието може да одлучи да работи и без
присуство на јавноста.
член 44
Актите на Собранието ги потпишува претседателот на НСОН односно од него овластено
лице кое го претставува во моментот на нивното донесување според правлилник за работа на
собранието.
Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СТАТУТ НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
ИЗВОРИ НА ФИНАНСИРАЊЕ
член 45
Основен извор на финансирање на синдикатот е месечната членарина која се одбива од
платата на секој член.
Висината на членарината ја утврдува Собранието на НСОН на седница со посебна одлука.
Синдикатот може да прима донации, доброволни прилози, подароци и други со закон
дозволени средства, кои се запишуваат во посебна книга. За секој поголем подарок или прилог,
претседателот на НСОН издава благодарница.
РАСПРЕДЕЛБА НА ФИНАНСИИТЕ
член 46
За распределба на финансиските средства одлучува Собранието на НСОН по претходен
извештај доставен од претседателот на НСОН или на предлог на Синдикална организација на
НСОН.
Начинот на трошењето на паричните средства се утврдува со Правилник за распределба
на финансиските паричните средства кој го донесува Собранието на НСОН.
Налогодавач за користење на финансиските средства е претседателот на НСОН кој дава
овластување на лицата кои ќе бидат овластени за управување со финансиите.
Надзор над тековната распределба на финансиските средства врши генералниот
секретар на НСОН, претседателот на НСОН или од него овластено лице.
член 47
НСОН има своја жиро сметка додека основните синдикални организации и подружници
немаат посебни жиро сметки (не ги следува посебна сметка).
ПРЕТСТАВУВАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ НА НСОН
член 48
НСОН ја претставува и застапува претседателот на НСОН, но може да ја претставува и
застапува и друго лице од Собранието на НСОН одредено од страна на претседателот на НСОН
или од мнозинство на членовите на Собранието на одржана седница, со посебно и
Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СТАТУТ НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
непреносливо полномошно на трети лица, само за одредена работа или задача и за определено
време.
Со полномоштво заверено на нотар се уредува пренесувањето на видот, обемот и
траењето на овластувањето или застапувањето.
ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА НА НСОН И ИНФОРМИРАЊЕ НА ЧЛЕНСТВОТО
член 49
Јавност во работењето на НСОН се обезбедува преку отвореност на седниците на телата
на НСОН, издавање на посебни соопштенија, интернет страна на НСОН, групи на социјалните
мрежи и други средства за јавно информирање.
Информирање на членството за работата на НСОН е постојана и приоритетна задача на
раководството на НСОН.
член 50
Актите на телата на НСОН влегуваат во сила на денот на нивното донесување освен кога
телото на НСОН со самиот акт го има определено и денот на влегувањето во сила.
НАЧИН НА ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ ЗА УКИНУВАЊЕ НА НСОН И РАСПОЛАГАЊЕ СО
ИМОТОТ ВО СЛУЧАЈ НА УКИНУВАЊЕ
член 51
Одлука за укинување на НСОН ја донесува синдикалното Собрание на НСОН.
Одлуката за укинување на НСОН се смета за донесена кога за неа ќе гласаат сите членови
на Собранието.
член 52
При донесување на одлука за укинување на НСОН Собранието решава и за правното
наследство на имотот и средствата на НСОН.
Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СТАТУТ НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
ЗАПИСНИЦИ
член 53
Записниците и стенограмите од седниците на телата на НСОН и архивата на НСОН се
чуваат како трајни документи согласно Законот за архивско работење.
Записникот мора да е потполн и вистинит и да го содржи текот на работата на седницата
и донесените акти.
НАЧИН НА ДОНЕСУВАЊЕ НА СТАТУТ И ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА СТАТУТОТ
член 54
Статутот на НСОН се изменува и дополнува со амандмани и писмена одлука на седница
на Собранието на НСОН.
член 55
Предлог за пристапување кон донесување на нов статут или предлог за изменување и
дополнување на постоечкиот може да поднесат најмалку една третина членови во Собранието
на НСОН или Статутарната комисија на НСОН.
член 56
Одлука за пристапување кон донесување нов статут или одлука за изменување или
дополнување на постоечкиот, Собранието на НСОН во проширен состав ја донесува со 1/2
мнозинство гласови од вкупниот број членови на Собранието по предлог од Статутарната
комисија на НСОН.
член 57
Статутарната комисија се состои од претседател и четири члена кои ги избира Собранието со
мандат од пет години со право на повторен избор за уште еден мандат. Комисијата работи на
седници кои ги свикува претседателот на Статутарната комисија.
Предлогот за донесување на нов статут односно предлогот за изменување и дополнување
на постоечкиот го утврдува Статутарната комисија на НСОН.
Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СТАТУТ НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Статутарната комисија предлогот го доставува до членовите на Собранието во рок од 30
(триесет) дена пред одржување седница на Собранието, освен во исклучителни ситуации кога
тој рок може да биде пократок.
член 58
Собранието по доставен предлог за нов Статут односно предлог за изменување и
дополнување на постоечкиот, одделно го утврдува текстот на секоја одредба (член) со
мнозинство гласови од вкупниот број членови присутни на седница на Собранието.
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
член 59
НСОН воспоставува и развива сорабока со меѓународни синдикални асоцијации,
организации и синдикати на други земји.
Одлуката за пристапување на НСОН во меѓународни синдикални асоцијации ја потврдува
Собранието.
Во случај на пристапување на НСОН во меѓународно синдикални асоцијации, членарината
која НСОН ќе ја плаќа ќе биде пропишана со посебен акт донесен од Собранието на НСОН.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 60
Прашањата кои не се утврдени со овој Статут се уредуваат со посебни акти на
претседателот на НСОН или Собранието на НСОН.
член 61
Автентично толкување на одредбите од Статутот донесува Собранието на НСОН на
барање на секој член на НСОН и секој член на Собранието на НСОН.
Автентичното толкување на одредбите на Статутот станува составен дел на Статутот на
НСОН.
член 62
Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СТАТУТ НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Статутот ќе биде преведен на јазикот на заедницата кој е различен од македонскиот и го
говороат над 20% од бројот на жители во една општина во која има регистрирано синдикална
организација.
член 63
Овој Статут влегува во сила од денот на неговото донесување.
Доставено до:
• Архива
• МТСП
• Претседатели на основни организации и подружници
Број ___________
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НСОН
м-р Томислав Гиевски

———————————–
11.03.2018 год.
Скопје
Република Македонија
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
СТАТУТ НА НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА